ноември 10, 2024

Според италијанските медиуми, мажот се самоубил по неуспешни преговори со полицијата

Маж (45) кој рано утрово пукал од прозорецот на својот стан во Сан Џовани а Тедуцио во Неапол, си го одзел животот .

По преговорите, полицијата упаднала во станот каде покрај телото на маж , за кој се претпоставува дека извршил самоубиство, пронашла безживотно тело на жена.

Според италијанските медиуми, мажот се самоубил по неуспешни преговори со полицијата.

Napoli, si è sucicidato il vigilante che ha ucciso la moglie in casa a San Giovanni a Teduccio: Si è suicidato l’uomo che si è barricato in casa a san Giovanni a Teduccio… https://t.co/5n2CEhlv9H #CronacadiNapoli #SanGiovanniaTeduccio #UltimeNotizie— Cronache della Campania (@cronachecampane) February 8, 2024

Потсетуваме, мажот од прозорецот на својот стан на четвртиот кат наводно викал дека ја убил сопругата и пукал на сите страни, поради што полицијата ги блокирала патиштата и им забранувала на пешаците да се движат.

Според италијанските медиуми, мажот имал три деца, од кои две биле на училиште, а третото било на излет.

Според некои соседи, човекот претходно работел како обезбедување, но останал без работа поради сомневање дека украл пиштол.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK