септември 21, 2024

Вечерва во Париз беа извлечени групите во сите дивизии за новиот циклус во Лигата на нации.

Македонија е во Ц дивизијата, во групата 4, противници на избраниците на Благоја Милевски противници ќе им бидат репрезентативците на Ерменија, Фарските острови и Летонија.

На ждрепката најмногу внимание привлече извлекувањето на групите во најсилната, А дивизија. Бранителот на трофејот Шпанија за противници ги доби Данска, Швајцарија и Србија. Најсилна е групата 2 со Италија, Франција, Белгија и Израел.

Интересни натпревари ќе има и во Б дивизијата, во која во овој циклус ќе игра Англија. „Гордиот Албион“ е во интересна група со Финска, Република Ирска, Грција. Јасно е дека Англичаните се апсолутни фаворити.

А дивизија:

Група А1: Хрватска, Португалија, Полска, Шкотска
Група А2: Италија, Белгија, Франција, Израел
Група А3: Холандија, Унгарија, Германија, БиХ
Група А4: Шпанија, Данска, Швајцарија, Србија

Б дивизија:

Група Б1: Чешка, Украина, Албанија, Грузија
Група Б2: Англија, Финска, Република Ирска, Грција
Група Б3: Австрија, Норвешка, Словенија, Казахстан
Група Б4: Велс, Исланд, Црна Гора, Турција

Ц дивизија

Група Ц1: Шведска, Азербејџан, Словачка, Естонија
Група Ц2: Романија, Косово, Кипар, Гибралтар/Литванија
Груоа Ц3: Луксембург, Бугарија, Северна Ирска, Белорусија
Група Ц4: Ерменија, Фарски острови, Македонија, Летонија

Д дивизија:

Група Д1: Литванија/Гибралтар*, Сан Марино, Лихтенштајн
Група Д2: Молдавија, Малта, Андора

Лигата на нации е важна и поради квалификациите за Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада.

Четирите најдобри селекции кои нема да изборат бараж преку квалификациите, во баражот ќе играат со уште 12 второпласирани од квалификациите.

На Светското првенство преку баражот ќе се пласираат четири репрезентации.

Лигата на нации започнува на 5 септември и ќе трае до 19 ноември.

The post Шпанија во група со Србија и Швајцарија, Хрватска со Португалија, Франција со Италија и Белгија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK