септември 21, 2024

Министерот за здравство, Фатмир Меџити рече дека директорите од ДУИ при Универзитетската клиника Мајка Тереза денеска не дошле на работа и отвориле боледување поради страв да не бидат разрешени поради одмазда од министерот за здравство Фатмир Меџити. Ние дојдовме овде за да видиме дали се на работните места директорите од ДУИ-вели новинарката на ТВ21, Алмедина Исмајли.

Бевме во неколку од клиниките раководени од директори од ДУИ и наидовме на затворени врати. Вработените ни рекоа дека директорите настинале.
Не е на работа и нема да дојде ниту утре.
-Не е на работа?
-Денеска и утре ми рече дека нема да дојде, настинат е, нема долго но рече дека ќе земе неколку дена боледување.

-Не беше нешто добро, мислам дека не е на работа, подобро побарајте го после вторник.

-Овде имаме состанок, оставете телефонски број. Дали ќе дојде денеска или…оставете телефонски број, кога ќе може ќе ви се јави.
-Вчера дали беше на работа?
-Оставете телефонски број, ќе ви се јави.

-Не е тука, си замина директорката, дојдете утре околу 10 часот.
-Утре ќе дојде?
-Не знам да ви кажам дали ќе дојде, доаѓа во 10 часот.

Министерот за здравство Меџити вели дека Артан Груби им рекол на директорите да одморат, за да не може да ги отпушти, но според Меџити тоа се шпекулации бидејќи како што рече Алијансата на Арбен Таравари не се занимава со реваншизам како ДУИ.
Овие пораки што Артан Груби им ги дели на директорите на ДУИ, не ги нарекувам директори на ДУИ, туку ги нарекувам директори на Министерството за здравство. Апелирам до сите директори да бидат спокојни бидејќи тие се мои директори и боледување се зема кога човек е навистина болен, ова е навистина злоупотреба што барем раководителите на јавните здравствени установи не треба да ја прават.“, вели Меџити.

Инаку, гласините за можни разрешувања на директорите се појавија откако се дозна дека АА побарала разрешување на министерот за здравство Меџити. Разрешувањето на Меџити сега е во Собрание, каде за утре е свикана седница за разрешување, а најверојатно директорите на клиниките ќе бидат „болни“до тој момент.
Тв21

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK