септември 21, 2024

Меѓународната куќа на фудбалот (ФИФА) реагираше по повод шпекулациите за воведување син картон.

„ФИФА сака да го расчисти прашањето за таканаречениот син картон. Не е точно дека планираме да го воведеме во највисокото фудбалско ниво и сите извештаи за тоа се предвремени. Секое тестирање, доколку се воведе, ќе биде ограничено на тестирање на пониски нивоа. Оваа тема повторно ќе ја отвориме на 2 март“, се вели во соопштението на ФИФА.

„Телеграф“ во четвртокот напиша дека во фудбалот може да се воведе син картон. Тој картон би го покажал судијата доколку мисли дека играчот направил прекршок поради кој треба да го напушти теренот, но не до крајот на натпреварот.

Со синиот картон играчот би бил отстранет од игра на десет минути.

Клучното тело на фудбалот за носење и признавање на нови правила ИФАБ веќе некое време работи на ова правило.

Ова е првпат некој да добие информација дека синиот картон е блиску до реализација во професионалниот фудбал.

The post ФИФА за синиот картон: Сите извештаи се предвремени appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK