септември 21, 2024

Ширачите на лажни вести, за чаеви и други безвредни препарати, кои го злоупотребуваа моето име, слики и што не друго, за лично да се збогатат со измама на пациентите, се ОСУДЕНИ со правосилна пресуда, пишува на друштвената мрежа Фејсбук д-р Никола Пановски.

По една и пол година, донесена е правосилна пресуда за злоупотреба на личните податоци заради прoмоција на чаевите ПАРАЗОЛ и ХИПЕРТЕА на професорите Никола Пановски, Вело Марковски и Маја Мојсова.
Дејан Јовановски, како одговорно лице е казнет со 2100 евра, а фирмата увозник и дистрибутер МОНАД ПЛУГ Дооел Скопје со 5000 евра. Правдата е делумнно задоволена. Имено, фирмата и осудениот и понатаму работат, тоа што го заработиле криминално ќе го вратат за недела дена. Демек, немало како да ги судат за измама на граѓаните, да им забранат дејност, немало основ во законите за овој интернет криминал, туку само за злоупотреба на личните податоци“, додава Пановски.
Тој вели дека сега продолжува во граѓанска постапка да бара оштета од 15000 евра за злоупотребата и сторената душевната болка.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK