септември 21, 2024

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи кажа дека Грција веќе ги известила сите држави дека пасошите без „Северна“ не важат. Личните карти остануваат валидни, а стратегијата на Владата е да се издадат се повеќе исправи, иако МВР нема ниту обрасци.
Има едно писмо со кое Грција ги има информирано сите држави дека по 12. влегува во сила обврската. Мислам дека стратегијата треба да е да се работи како да ќе нема флексибилност“, кажа Османи.

Тој немаше конкретен одговор дали граници ќе можат да се поминуваат со лична карта.

„Личните карти ќе бидат валидни, а тоа е комплицирано прашање дали може да се влегува во држави со кои имаме договор за поминување граница со лична карта. Имаме комуникации со државите. До 12. да сработиме се што можеме до максимум“, рече Османи.

Воедно, тој посочи дека има дилема и дали важат возачките дозволи. Смета дека мора да се сменат оти тие се употребуваат за поминување на граница со возило.

„Да ги потсетам граѓаните дека и сообраќајните дозволи да бидат сменети“, посочи Османи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK