септември 21, 2024

Косовската РТК објави вест дека имало безбедносни мерки за премиерот на Косово Албин Курти, при неговата посетата во Скопје, бидејќи имало план за атентат вр него.
Курти изјави дека не се чувствувал загрозен во Скопје, иако имало одредени закани кои доаѓале од поединци и структури поврзани, според него, со официјален Белград.
Од друга страна, МВР ги демантира ваквите наводи, објаснувајќи дека немало обид за атентат, туку дека посетата се одвивала според претходно утврдени правила и безбедносни протокли.
Во изјава за косовски медиуми Курти рекол дека на средбата што ја имал со сестринските социјалистички партии во Скопје, добил информации за бројни закани од поединци и структури кои имаат корени од Белград, објави денеска Радио телевизија Косово, и се додава дека има информации за обид за атентат.
„Кога дојдов до Скопје не се чувствував загрозено, но видов дека има многу полициски сили кои беа загрижени за средбата која ја одржуваме, на која специјален гостин беше претставникот на германската СПД, Ларас Клингбеил”, истакнал Курти во изјава за косовските медиуми.
„Ве известуваме дека при посетата на премиерот на Република Косово, Албин Курти, во Скопје, немало обид за атентат врз него”, се вели во одговорот на Министерството за внатрешни работи.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK