септември 22, 2024

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека играчите на неговиот клуб Винисиус Жуниор, Џуд Белингем и Родриго во моментов се најдобри во светот.

Кралскиот клуб во саботата ја совлада Џирона со 4-0 во натпреварот од 24. коло на шпанската Примера.

„Винисиус, Белингем и Родриго во моментов се тројцата најдобри играчи во светот. Потоа, тука се Тони Крос, Федерико Валверде, Едуардо Камавинга…“, изјави Анчелоти.

Претставниците на медиумите се интересираа дали Килијан Мбапе ова лето конечно ќе стане играч на Реал Мадрид, како што се шпекулира во изминатите недели..

„Вие зборувате за играчите на другите клубови, а јас ќе зборувам за моите, кои се најдобри во светот. Правам се за да го извлечам најдоброто од нив и се чини дека ми оди прилично добро во тоа. Моите играчи се клучот за се“, изјави Анчелоти.

The post Анчелоти: Тројцата најдобри во светот се играчи на Реал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK