мај 7, 2026
Од полноќ поскапуваат горивата од пола до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 поскапува за пола денар и ќе се продава по цена од 81 денар за литар, Еуроспер БС-98 поскапува за еден денар и од полноќ новата цена ќе биде 83,50 ден/литар.
Дизелот поскапува за денар ипол и тој ќе се продава по цена од 79,50 ден/лит.
За пола денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое од полноќ ќе се продава по цена од 76,50 ден/лит.
Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,620 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена. Новата цена на мазутот ќе биде 40,732 ден/кг.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK