септември 22, 2024

Надалеку се познати придобивките од водата со лимон или јаболков оцет. Наместо тие два пијалоци, во последно време се повеќе луѓе се вртат кон нешто ново – солена вода.

Комбинацијата на морска сол и вода може да го регенерира нашето тело благодарение на минералите кои се наоѓаат во овој пијалок. Едноставно измешајте 300 мл вода со малку морска сол и пијте со појадок или во текот на денот.

Во продолжение прочитајте кои се придобивките од овој пијалок.

Правилна хидратација

Познато е дека кога пиете премногу вода, постои недостаток на натриум во телото, што доведува до хипонатремија. Солта му помага на телото да ја апсорбира водата и да одржува рамнотежа на натриум.

Детоксикација

Солената вода содржи минерали кои помагаат во природната детоксикација на организмот и исфрлањето на штетните токсини, а има и антибактериски својства.

Варење

Солта ги активира жлездите во устата, кои потоа ослободуваат протеини кои помагаат во правилно разградување на храната. Тие во голема мера го олеснуваат процесот на варење.

Сон

За оние кои страдаат од несоница, солената вода би можела да биде одлично решение. Природните минерали во солта го смируваат телото и нервниот систем и ја намалуваат количината на кортизол во телото, таканаречениот хормон на стрес кој често не спречува да спиеме.

Кожа

Сите сакаме да имаме здрава и убава кожа, а во тоа ни помагаат минералите кои се наоѓаат во солта. Со земање солена вода ќе ги намалите акните, осипите, егземите и кожата ќе ви биде мазна и чиста.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK