септември 22, 2024

Челси ја прекина серијата од два порази во Премиер лигата со победата над градскиот ривал Кристал Палас. Поранешниот играч на Кристал Палас, Конор Галагер ги предводеше „сините“ до победата 3:1.

Челси славеше на гостински терен и покрај тоа што одигра лошо прво полувреме. Во тој период Палас постигнаа гол. Во 30.минута, Џеферсон Лерма испрати проектил од 25 метри и го совлада Петровиќ.

На почетокот на вториот дел, во 47.минута изедначи Галагаер. Челси доминираше во вториот дел, но отпорот на Кристал Палас го скрши во 91.минута, повторно стрелец беше Галагер.

Три минути подоцна Енцо Фернандез го постави конечниот резултат.

The post (Видео) Галагер го предводеше Челси до победата кај Кристал Палас appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK