септември 22, 2024

Согласно билатералниот протокол со Албанија, денеска сообраќајот се одвива нормално со важечки патни исправи и со возачки дозволи и регистерски таблички без ознаката НМК. Според информации на МИА, граничниот премин Ќафасан, со соседна Албанија, од македонска страна го напуштиле граѓани со стара лична карта без додавката Северна и не се вратени, односно се пропуштени и од албанските гранични служби.

На тој граничен премин од полноќ до 10 часот утрово, вкупно 837 патници направиле влез и излез од државата.

И на граничните премини „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ на македонско – албанската граница кај Дебар нема промени во одвивањето на протокот на патници и возила.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK