септември 22, 2024

Обвинителот Трајче Пеливанов кој го застапуваше предметот за масовното прислушување избран е за виш обвинител. Осуммина членови на Советот на обвинители гласаа за негово унапредување. Немаше објаснување за нивната одлука. Не го спомнаа ниту известувањето кое стигнало на нивна адреса дека обвинителот преку пораки комуницирал со избеганиот Исмет Гури од ДУИ додека СЈО го гонеше за изборни измами. Од советот велат дека случајот го затворило државното обвинителство.
„По сите спроведени дејствија од Јавното обвинителство  и тоа увид во списите на предметот како и други преземени дејствија за кои сметал јавниот обвинител да се преземат за да се проверат наводите во известувањето е донесена одлука дека не постојат основи за одговорност на Јавниот обвинител и дека истиот постапувал согласно законот“, изјави Душица Димитриеска, Прет на Совет на обвинители.
Во вишото скопско обвинителство оди и Наташа Сарамандова. Таа ги потпиша обвиненијата против Владимир Панчевски и случајот со шверцување автомобили во кои се вмешани вработени во полицијата.
Додека во советот Иџет Мемети бараше извештај за работата на Ленче Ристоска, министерот за правда објави дека поранешната обвинителка на СЈО ќе ја води канцеларијата Европавда која е мост меѓу домашните и европските истражни органи.
„Соработката со Европравда е од исклучително значење за Република Северна Македонија од аспект на борбата со прекуграничен криминал и борба со корупцијата“, се вели во известувањето од Правда.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK