септември 22, 2024

Кога ќе се спомнат градовите кои се магнет за туристи, првото нешто што ми паѓа на ум е Париз, Рим или Лондон. Сепак, според „Еуромонитор интернешнал“, ниту една од овие дестинации не го зазеде првото место на листата на најпосетувани градови во светот во 2023 година.

Тоа бил Истанбул кој имал најмногу меѓународни пристигнувања минатата година. Економскиот и културниот центар на Турција во 2023 година пречека неверојатни 20,2 милиони посетители, а се предвидува дека во 2024 година тој број ќе биде уште поголем.

КОГА СЕ РОДИ ЈА ИСПЛАШИЛА И СВОЈАТА МАЈКА: Поради дамката на целото лице сите биле изненадени, а вака изгледа денес

Девојче се родило со бенка по целото лице, го шокираше медицинскиот персонал и […]

Ова е НАЈПОСЕТУВАНИОТ ГРАД ВО 2023 година, со над 20 МИЛИОНИ ЛУЃЕ

Кога ќе се спомнат градовите кои се магнет за туристи, првото нешто што […]

Буфон: Роналдо секогаш ми даваше гол, Меси е исто така уникатен, направи неверојатни работи

 На легендарниот италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон, најтешко му било на натпреварите кога против […]

АЦА ЛУКАС ТВРДИ ДЕКА СОЊА ГО ИЗНЕВЕРУВАЛА СО ПОЗНАТ КОШАРКАР: Ги заменил картичките и открил кој е: „Гледам на сликата некој со брада…“

Пејачот Аца Лукас пред неколку години крена голема прашина со автобиографската книга „Ова сум јас“ […]

(Видео) Вработените во МВР утре ќе добијат плата плус – Бојмацалиев им се заблагодари за работата во смени, викенди и празници

Уште една плата утре ќе добијат вработените во Министерството за внатрешни работи, најави […]

Земјата неодамна ги олабави барањата за виза за патниците од САД и Канада, а со своето богатство од блескави културни знаменитости и спој на азиски и европски култури, не е ни чудо што градот е толку популарен.

Само Аја Софија пречекува околу 3,5 милиони луѓе годишно, а влезот наскоро ќе ги чини посетителите 25 евра.

Лондон го зазеде второто место на листата со 18,8 милиони, а со оглед на тоа што бројот на посетители на градот се врати на нивото пред пандемијата, не е големо изненадување. Дубаи е на трето место со 16,8 милиони, а Анталија, уште еден турски град, е на четврто место.

Листата на 10-те најпосетувани градови во 2023 година според Euromonitor International вклучува:

Истанбул

Лондон

Дубаи

Анталија

Париз

Хонг Конг

Бангкок

Њујорк

Канкун

Мекка

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK