септември 22, 2024

Кога некој ќе спомене полициски службеник, веднаш кај граѓаните се слуша мислењето: Лесно им е нив, тие на 50 години си заминуваат во пензија, државна работа…..
Но работите не се толку розови како што си мислиме… секоја работа си има своја тежина. Кога ќе ги облечете туѓите чевли, дури тогаш ќе ќе разберете како се чуствува другиот.
Изминативе години сме сведоци како се повеќе и повеќе млади си заминаа од Македонија, доктори, полициски службеници, програмери, автомеханичари,фарбари, лимари,келнери, готвачи итн !!!!
Сите овие заминаа ради неправдата во оваа држава, заминаа бидеќи не се трпи повеќе оваа неправда, овој трул систем ги натера среќата и животот да си го бараат низ белиот свет, далеку од својот татко, далеку од својата мајка, баба, дедо, далеку од другарите !!!!
Едни од нив се и Русе Спасевски екс командир на Ебр, Далибор Трајковски (Алфа) Дритон Мемети поранешен шеф на полициската станица во Гази Баба, Сашко Тристик инструктор во Ебр, Мишајле поранешен шеф инструктор Тигар, Бучков Алфа припадник, Јасмина Ангелевска, овие сите наши браќа, сестри и другари, се дел од онаа група на млади луѓе кои ја напуштија Македонија ради таа црна политика, за некој мајка за некој маќеа !!!!
Овие наши браќа и сестри на прашањето од Шило одговорија дека “радо” би се вратиле во Македонија ако некој конечно го опорави овој систем и ако правдата стане еднаква за сите, а до тогаш, ни праќаат “топли” поздрави од Германија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK