септември 22, 2024

Продолжуваат реакциите околу последните случувања со вработувањата во Општата болница во Гостивар. По вчерашните реакции на партијата, денеска претседателот на Општинската организација на СДСМ од Гостивар, Игор Велјаноски се осврнаа на актуелностите, изразувајќи загриженост и разочараност од раководната структура на гостиварската болница, потенцирајќи дека никој нема право да биде над законот, а прекршителите треба да бидат повикани на одговорност.

Соопштението на ОО СДСМ Гостивар го пренесуваме во целост:
„ОО СДСМ Гостивар, сака да ја информира јавноста дека ја следи состојбата со вработувањата во ЈЗУ Општа Болница „др. Ферид Мурад“ Гостивар и ја изразува загриженоста и разочараноста од раководната структура на болницата, која со вчерашната одлука за избор на кандидати за вработување, стори грубо кршење на начелото за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници при вработување во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, согласно Уставот на РСМ и позитивни законски прописи.
Одлуката со која се избираат кандидати за различни работни позиции во болницата, а од кои 10 се доктори по медицина и 10 се медицински сестри, не е примен ниту еден македонски кандидат е против уставните и законските прописи со кои се гарантира почитување на начелото за соодветна и правична застапеност на граѓаните при вработувањето.
Со оваа прес конференција сакаме да истакнеме дека во Македонија, НИКОЈ нема право да биде над законот и тоа да остане премолчено.
Недозволиво е никаде, а особено не во град каков што е Гостивар кој што е синоним за мултиетничност и соживот, да се случуваат и дозволуваат вакви груби облици на дискриминација и да се вработуваат кадри од само една етничка заедница.
Македонското здравство не смее да биде заложник на никакви облици на злоупотреба- Ниту на партиска, ниту на етничка, ниту на лична, туку баш напротив, треба да се вработуваат квалитетни кадри со знаење.
Почитувани, ваквата одлука е противзаконска и противуставна и истата бараме да биде поништена, а прекршителите на Уставот и Законите треба да бидат повикани на одговорност!“

Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гостин: д-р Агим Јакупи

Извор

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK