септември 22, 2024

Реал Мадрид со победата во Лајпциг зачекори во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Реал до победата дојде со брилијантниот гол на Брахим Дијаз, но играч на натпреварот беше голманот Андреј Лунин кој ја одбрани победата на „кралскиот клуб“.

25-годишниот украински репрезентативец, натпреварот го заврши со девет интервенции.

Воодушевен од изданието на Луни беше тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

„Лунин одигра одличен натпревар, најдобар откако сум во клубот. Тој немаше минути претходно, но сега се подобрува. Мислам дека ова ќе му ја зголеми самодовербата”, изјави Италијанецот.

Лунин одигра 17 натпревари оваа сезона и прими 13 гола. Осум пати ја сочуваше мрежата. Во кариерата бранеше и за Металист, Днипро, Зорја, Леганес, Ваљадолид и Овиедо.

Lunin MOTM performance vs RBL pic.twitter.com/DNATG4y7iE

— Ірина Irina (@IrinaRysiapasha) February 13, 2024

The post (Видео) Анчелоти воодушевен од Лунин – Украинецот ја одбрани победата на Реал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK