септември 23, 2024

Хрватските ватерполисти станаа светски шампиони, откако во финалето на Светското првенство во Доха по гол од пенал ја победија Италија со 15:13.

За Хрватите ова е трето светско злато во историјата, по 2007 година во Мелбурн и во Будимпешта десет години подоцна.

Тимот предводен од Ивица Туцак по голема борба во финалето успеа да обезбеди пенали за златото во самата завршница од мечот.

Хрватска во рок од еден месец не дозволи да загуби уште едно финале и злато, бидејќи кон средината на јануари пред домашната публика и ја предаде европската круна на Шпанија.

Најефикасен во составот на светскиот шампион беше Константин Харков со четири гола, Јерко Мариниќ Крагиќ додаде три, Рино Буриќ два, а Јосип Врлиќ и Матијас Биљака по еден гол.

Во италијанскиот тим Андреа Фондели пет пати ја погоди мрежата, Франческо Ди Фулвио и Николас Прешјути додадоа по два гола, а Лука Марсијали и Франческо Кондеми по еден.

The post Хрватска е светски првак во ватерполо appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK