септември 23, 2024

Фудбалерите на Барселона со мака победија во 25. коло од шпанската Ла Лига, со голот во судиското надополнување на времето во Виго ја совладаа Селта со 2:1.

Творец на тешко извојуваната победа на Барселона беше Полјакот Роберт Левандовски, кој ги постигна двата погодока, особено победничкиот од пенал во 97. минута. Голманот на Селта, Гуаита притоа го одбрани првиот удар на Полјакот, но ударот од белата точка беше повторен бидејќи домашниот голман исчекори пред гол-линијата. Во повторениот обид Левандовски беше прецизен за победа.

Пред тоа, истиот играч ги доведе гостите во водство во 45. минута, додека на стартот од вториот дел веднаш израмни Иаго Аспас. Барселона така сега се врати на третото место на табелата со два бода помалку од Жирона и седум од водечкиот Реал Мадрид кои имаат и меч помалку, додека Селта и понатаму е многу блиску до опасната зона за испаѓање, на 17-та позиција со 20 бодови, три повеќе од местото кое води во Сегунда/

Осасуна на домашен терен го победи Кадиз со 2:0. Двата гола на натпреварот беа постигнати во вториот дел и двата ги постигна Анте Будимир. Во 63. минута прецизно со глава погоди за 1:0 за водство на својот тим, додека во 91. минута погоди по противнапад кој го поведе Хесус Аресо, а Будимир беше мирен и прецизен на крајот од акцијата.

Осасуна и покрај победата остана на 11-то место со 32 бода, а Кадиз е 18-ти со 17 бодови, три помалку од првото место кое гарантира опстанок.

Во првиот саботен натпревар од 25. коло, фудбалерите на Атлетико Мадрид беа убедливи против Лас Палмас на својот стадион, победувајќи со 5:0. Иако Атлетико овој натпревар го играше без повредениот прв напаѓач Мората, а на клупата беше и Гризман во текот на целиот диуел, домаќинот немаше никакви проблеми во играта. Речиси сè направија двајца играчи. Првите два гола ги постигна Маркос Љоренте, во 15. и 20. минута, додека во вториот дел двоен стрелец беше Аргентинецот Кореа, во 47. и 62. минута. Сѐ беше заклучено со голот на Депај за 5:0 на крајот од мечот.

Атлетико со оваа победа се потврди како непобедлив домаќин сезонава во Ла Лига, на тринаесет натпревари пред своите навивачи има 12 победи и само едно реми. Сега со 51 бод се зацврсти на четвртата позиција, а Лас Палмас е деветии со 35 бодови.

В недела ќе играат Рајо Ваљекано – Реал Мадрид, Гранада – Алмерија, Мајорка – Реал Сосиедад и Бетис – Алавес, додека ова коло со тест в понеделник ќе го завршат со Атлетик Билбао – Жирона.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK