септември 21, 2024

Англискиот репрезентативец, Ерик Дајер, кој во јануари пристигна на позајмица во Баерн од Тотенхем, ќе биде првата жртва на лошите резултати на великанот од Минхен.

Дајер беше стартер на три од петте натпревари откако пристигна во Минхен. Најмногу е критикуван поради недостатокот на брзина, што е едно од клучните барања за стоперската позиција во Бундеслигата.

Тренерот Томас Тухел веќе го испрати на клупата, а извесно е дека клубот нема да го откупи неговиот договор од Тотенхем на крајот од сезоната.

Дајер дојде во Баерн со цел да игра за да може да обзбеди место во репрезентацијата на Англија за Европското првенство во Германија. Како што сега стојат работите минорни се шансите тој да се најде на спиското на селекторот Герет Саутгејт.

The post Баерн нема да го откупи договорот на Дајер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK