септември 21, 2024

Францускиот напаѓач Карим Бензема повторно ги демантираше тврдењата на одредени медиуми дека сака да се врати во Европа.

Неодамна се шпекулираше дека легендарниот играч на Реал Мадрид би можел да ја напушти Саудиска Арабија, но тој уште еднаш остро демантираше.

Тој исто така истакна дека има одлични односи со тренерот на Ал Итихад, Марсело Гаљардо, и покрај тоа што Аргентинецот го изостави од подготвките пред вториот дел од сезоната.

„Приказната за моето заминување не е точна и јас сум среќен во Саудиска Арабија. Немам проблем со Гаљардо, а сите што велат дека сакам да се вратам во Европа се лажговци. Немам проблем со никого, а што се однесува до моето отсуство, прашајте го тренерот, бев спремен да одам на подготовките со тимот“, изјави Бензема, кој пред неколку дена асистираше за голот кој го испрати Ал Итихад во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони.

The post Бензема (повторно) демантира дека сака да се врати во Европа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK