септември 21, 2024

За Леонид Индов: ДНК ја ставија на лицитација статуетката од „Златна Бубамара, до сега понудата е 2000 евра!
Пред два дена се одржа 27-то изданиe на „Златна Бубамара, а помеѓу наградените беше и познатиот музички бренд „ДНК за нивната соработка со Раде Врчаковски – Врчак.

Тие ја добија наградата за „Песна на годината, односно за нивната нумера „Посреќна, која навистина е еден од најголемите хитови последниве неколку месеци.

На сцената покрај Панчо и Андреј, за првпат по неколкугодишна медиумска апстиненција се појави и Врчак, кој предизвика овации од публиката во спорскиот центар „Борис Трајковски.
Но, она што го направија „ДНК по завршувањето на оваа манифестација, е за почит и огромен аплауз.

Имено, тие решија нивната награда, односно статуетка да ја стават на лицитација за хумани цели. Собраните средства од истата, момците од ДНК и Врчак ќе ги наменат за лекување на Леонид Индов – Лео

Буквално ви се восхитувам на сите
вас кои допринесувате постот за хумната лицитација да се рашири насекаде, но и на оние хумани луѓе кои индиректно му помагаат на ЛЕО.

Господинот Јовица Латиновски – Топка
во име на Petro Oil Company за сега ja има нависоката понуда од 120.000ден.
Голема благодарност и почит до вас за овој хуман гест.

ПС: Лицитацијата се одвива на мојот инстаграм профил (djshortypofficial) и на DNK фан страната и ќе ја затвориме во понеделник во 22ч па се надеваме дека златната бубамара ќе достигне уште повисока сума. Наддавањето е транспарентно со пишување на вашиот износот во коментар на самиот пост. #ОдСрцеЗаЛео
Пишува Панчо

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK