Кога Украина ќе добие западни борбени авиони Ф-16, ќе има право да напаѓа легитимни руски воени цели надвор од границите на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за Гласот на Америка.
„Кај различни сојузници, има малку различни политики за ова. Но, генерално… ова е вооружена агресија на Русија против Украина со очигледно кршење на меѓународното право. И според меѓународното право, Украина има право на самоодбрана. Ова исто така вклучува и удирање легитимни воени цели – руски воени цели надвор од Украина. Ова е меѓународно право“, рече Столтенберг.
Во овој град најмногу се пие алкохол! Ако помисливте на Даблин, не сте во право
Рецепт за сочни чоколадни коцки во кои не треба да ставите јајца
ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО: УКРАИНА ОВЛАСТЕНА ЗА УДАРИ НА Ф-16 НАДВОР НЕЈЗИНИТЕ ГРАНИЦИ
Русите ќе тргнат на Одеса? НАТО база таму е закана за КРИМ?
Во моментов не е познато кога точно Киев ќе може да гi прими авионите, повтори Столтенберг, бидејќи тоа зависи од сојузниците и одлуките во земјите. Партнерите на Украина се желни да ја пружат оваа помош што е можно поскоро, нагласи генералниот секретар на НАТО.
„Значи, мислам дека треба да ги слушаме воените експерти точно кога ќе бидеме подготвени или кога сојузниците ќе бидат подготвени да започнат со испраќање и испорака на Ф-16. Што порано тоа подобро. Во исто време, тоа треба да биде ефективно оружје со добро обучени пилоти, со добри системи за поддршка на располагање кога ќе го обезбедиме овој механизам на Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО.
Следете не, не има насекаде