ноември 10, 2024

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска во Киев му кажа на претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук дека Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Митрески, кој имаше и обраќање во Врховната рада, за време на протоколарните разговори со својот укрински колега изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка за Украина, на сите полиња.

Тој нагласи дека уште од самиот почеток Македонија силно ја осудува руската агресија против Украина, континуирано ја потврдува поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразува целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK