септември 21, 2024

Прво Славески, на својот профил на Икс, објави дека СДСМ се фали оти со нивните политики просечната нето-плата достигнала 40 илјади денари, а потоа вицепремиерот на Фејсбук напиша дека оваа Влада го зголемила стандардот на граѓаните за 10 процентни поени

Професорот на Економскиот факултет и член на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славеки и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи преку социјалните мрежи Икс и Фејсбук влегоа во дебата дали стандардот на македонските граѓани се подобрил или паднал со тоа што просечната плата достигнала речиси 40 илјади денари.

Прво Славески, на својот профил на Икс, објави дека СДСМ се фали оти со нивните политики просечната нето-плата достигнала 40 илјади денари.

„Браво! Се согласувам. Политиките на СДСМ за само две години, 2022-2023, со инфлација од 25 отсто, ја урнисаа куповната моќ на денарот. Ако во јануари 2022 година со 1 000 денари сме можеле да купиме четири килограми пилешко, во декември 2023 година со истата илјадарка можевме да купиме само три килограми пилешко“,

пишува Славески на Икс.

СДСМ се фали дека со нивните политики просечната нето-плата достигнала 40.000 денари.
Браво! Се согласувам. Политиките на СДСМ за само две години, 2022-2023, со инфлација од 25%, ја урнисаа куповната моќ на денарот. Ако во јануари 2022 г. со 1.000 денари сме можеле да купиме 4… pic.twitter.com/MDUVRSPICN

— Trajko Slaveski (@TSlaveski) February 24, 2024

Славески во објавата има и три фотографии од кои едната е од банкнота од 1 000 денари, втората е од куп пари и една кокошка, а третата е со помал куп пари и една ролна тоалетна хартија. Славески во објавата  додава: Ако, не дај Боже, СДСМ продолжи со истите политики, не чека ова.

На тоа, Битиќи преку Фејсбук му одговори дека ќе го прифати тоа што професорот Славески го наведува по социјалните мрежи оти вкупната инфлација за 2022 и 2023 е 25 отсто додавајќи дека таа реално по официјалните бројки на Државниот завод за статистика изнесува 23,6 отсто.

„На почеток со растот на нивото на платите во целокупната економија во истиот период, односно да споредиме просек од декември 2023 и 2021 година, за кои веќе имаме официјален податок. Резултатот, погодувате, секако го негира тврдењето на професорот, затоа што во истиот тој период од просечните 29 943 денари за декември 2021 платата се зголемила на просек од 39 998 денари во декември 2023, или тоа е кумулативен раст од 33,6 отсто“,

пишува Битиќи во објавата.

Вицепремиерот во објавата, појаснувајќи му на Славески, вели дека оваа Влада го зголемила стандардот на сограѓаните за точно 10 процентни поени.

„Тоа е далеку, далеку повеќе од нула, односно она што неговата партија и тој самиот, додека имале шанса, го направиле за граѓаните. Дела место зборови“,

додава Битиќи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK