септември 21, 2024

Секој петок на работа до 13 часот. Партијата ДУИ со предлог, петоците да се работат со скратено работно време.

Целта е велат, граѓаните да имаат повеќе време за да се посветат на семејството, а на тој начин да се зголеми и нивната продуктивност на работните места. Овој предлог ќе биде дел од изборната програма на интегративците на претстојните избори.

Предлогот засега е само идеја. Останува неизвесно дали ќе најде поддршка и од другите политички партии. Сепак работодавачите имаат став. Според нив овој предлог треба да е избор, а не правило. Ангел Димитров од организацијата на работодавачи вели дека скратеното работно време веројатно ќе значи и помали плати.

Кај услугите кај креативните дејности и секако администрацијата намалувањето на тие 4 5 часа во петок нема да се одрази на нивните услуги, но кај производство ќе значи помало производство и помала плата за работници, што верувам не е цел на никого.

Со измена на Закон за работни односи кај оние дејности каде може да се договорат сам работодавач со синдикат на фирма да не мора да се работи 40 туку 35 часа, но тоа да е можност, а не задолжителност.

Инаку ова не е прв пат во земјава да се дискутира на оваа тема и да се нудат вакви предлози, но досега за ниеден предлог не се отвори поширока дебата.

Во светот има фирми во кои веќе некој период се работи со скратено работно време, а Финска е првата земја со предлог да се работи само 4 дена во неделата и тоа со скратено работно време.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK