септември 20, 2024

Кристијано Роналдо се најде на удар на критиките за непримерн0о однесување по победата на неговиот Ал Наср против Ал Шабаб, во натпреварот во Саудиска Про лига во неделата.

Роналдо постигна гол во првото полувреме од пенал, пред Бразилецот Талиска да му донесе победа на Ал Наср на гости со 3-2 на крајот од натпреварот.

По последниот свиреж на судијата, на снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека петкратниот освојувач на Златната топка се врти кон домашните навивачи и недолично гестикулира додека од трибините се слушаат скандирања „Меси, Меси“.

Иако инцидентот не беше снимен на телевизија, брзо следеа критики за 39-годишниот Роналдо, а локалните медиуми објавија дека Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија отворил истрага.

Роналдо оваа сезона постигна 22 голови и моментално е водечки стрелец во саудиската лига. Ал Наср е втор на табелата со четири бода помалку од водечкиот Ал Хилал, но има и натпревар помалку.

The post (Видео) Отворена истрага за недоличното однесување на Роналдо appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK