На социјалните мрежи се појави застрашувачко видео од линијата на фронтот во Украина!
Камерата на телото на војникот ја снимила грозоморната егзекуција на двајца противници кои го фрлиле оружјето и ги кренале рацете во знак на предавање.
УКРАИНСКA ПВО СОБОРИ РУСКИ СУХОЈ? Потполковник Олешчук се огласи: „Еден бомбардер помалку“ (ФОТО)
Овие хороскопски знаци се најголемите песимисти
Пукање во Скопје: Обид за убиство на три лица, меѓу кои малолетник – еве што се случило во август
Војниците, кои, судејќи по нивните ознаки, се припадници на вооружените сили на Украина, ги опколиле противниците, кои потоа ги повикале да излезат од ровот и да се предадат. Од засолништето излегле двајца Руси, еден по друг, но Украинците веднаш почнале да пукаат. Еден од војниците потоа се приближил и пукал кон нив од непосредна близина.
Засега не се знае кога е снимена грозоморната сцена и на кој дел од фронтот.
Некои воени блогери наведуваат дека видеото неодамна било пронајдено на камерата на убиен украински војник од Третата јуришна бригада.
Големиот број видеа од егзекуции кои се појавија на социјалните мрежи во изминатите неколку дена покажуваат дека борбите на првите борбени линии стануваат се побезмилосни.
Во неделата Украина ја обвини Русија за егзекуција на седум воени затвореници во близина на Бахмут. Народниот правобранител Дмитриј Лубинец објави видео од наводниот масакр снимен со извидувачки дрон. На видеото се гледа како припадниците на руските сили ги извлекуваат невооружените Украинци од таканаречената лисичка дупка, по што тие одеднаш почнуваат да пукаат во нив.
Командата на украинските копнени сили неодамна на својот канал на Телеграм објави и видео од извидувачки дрон, на кој наводно се гледа како припадник на руските сили пука во ров во двајца украински војници кои претходно се предале.
Следете не, не има насекаде