ноември 10, 2024
Европската комисијата денеска предложи усвојување на Препорака до земјите членки на ЕУ со која се бара да продолжат да преземаат мерки за намалување на потрошувачката на гас на ниво за 15 отсто под просечното трошење во периодот помеѓу април 2017 и март 2022 година.

Според податоците на ЕК, во периодот од август 2022 година до декември 2023 година ЕУ ја намалила потрошувачката на гас за 18 проценти во споредба со претходниот период, заштедувајќи околу 101 милијарда кубни метри гас. Ваквото намалување беше остварено врз основа на Регулативата усвоена во текот на летото 2022 година, со цел да се обезбеди стабилно снабдување со гас и стабилизација на енергетските пазари во ЕУ, како и да се манифестира солидарност со Украина.

Важноста на одредбите од оваа Регулатива за намалување на потрошувачката на гас истакува на 31 март, па затоа ЕК сега предлага земјите членки доброволно да продолжат со спроведување на мерките за штедење на енергенсот и по овој датум.

За предлогот на Еврокомисијата ќе се расправа на заседанието на министерскиот Совет за енергетика предвидено за 4 март.

– Благодарение на широкиот опсег на итни мерки кои беа воведени по инвазијата на Русија врз Украина, енергетската перспектива на ЕУ е подобрена: снабдувањето е поразновидно, инсталирани се поголеми капацитети за производство на обновлива енергија и направени се импресивни заштеди на енергенсите, посочи ЕК.

Според Комисијата, ваквите мерки резултираа со намалување и стабилизирање на цените на енергенсите во Европа, но со оглед на актуелните геополитички тензии, состојбите на глобалниот пазар на гас и целта на ЕУ за целосно ослободување од зависноста од руските фосилни горива, и натаму е неопходна континуирана заштеда на енергијата.

– Континуираната заштеда на гас ќе помогне да се одржи и подобри тековната стабилност на пазарот, вклучително и преку олеснување на полнењето на гасните складишта во текот на пролетта и летото, а, исто така, ќе се поддржат и напорите на ЕУ за декарбонизација, наведува Еврокомисијата.

Денешната Препорака, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се базира на извештаите за ревизија на Регулативата за намалување на потрошувачката на гас и за Регулативата за складирање гас.

– Покрај гарантирањето на безбедноста на снабдувањето, двете регулативи придонесоа и за стабилизирање на цените на енергијата, за зајакнување на конкурентноста на економијата на ЕУ и за намалување на сметките за граѓаните, кои достигнаа максимални суми во август 2022 година, се додава во соопштението.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK