Амбасадорот во Шведска и поранешен министер за надворешни работи и одбрана на Литванија, Линас Линкевичиус денеска изјави дека рускиот град Калининград ќе биде „неутрализиран“ доколку Русија се осмели да го предизвика НАТО.
СЕ ПООСТРА РЕТОРИКА ОД СИТЕ СТРАНИ: Калининград ќе биде неутрализиран!
Санкциониран полицаец од Битола, уништил документи на МВР
Кампањата да биде фокусирана на суштинските прашања, а не на лични напади
Откако Шведска стана членка на Алијансата, Балтичкото Море стана внатрешно море на НАТО. Ако Русија се осмели да го предизвика НАТО, Калининград би бил првиот што ќе биде „неутрализиран“ – напиша Линкевичиус на социјалната мрежа Х.
After #Sweden was integrated into the Alliance, the Baltic Sea became an internal #NATO sea. If #Russia dares to challenge NATO, Kaliningrad would be “neutralized” first. Russia’s previous false accusations that it is surrounded by NATO are now becoming a reality. pic.twitter.com/f3ftiMO4ED
— Linas Linkevicius (@LinkeviciusL) February 27, 2024
Тој додаде дека претходните тврдења на Русија дека е опкружена со НАТО „сега стануваат реалност“.
Унгарскиот парламент вчера го ратификуваше барањето на Шведска за членство во НАТО, со што беше надмината и последната пречка за проширување на Алијансата во таа скандинавска земја.
По потпишувањето на документите во Вашингтон, Шведска ќе стане 32-та членка на НАТО.
Следете не, не има насекаде