септември 20, 2024

Антонела Рокузо, сопругата на Лионел Меси, вчера го прослави својот 36-ти роденден, а на Инстаграм покажа дека го поминала со сопругот и децата.

На една фотографија таа позираше со сопругот покрај ѕид украсен со балони и цвеќиња, а познатиот фудбалер на својот Инстаграм профил сподели нивна заедничка фотографија со зборовите: „Среќен роденден, принцезо! Те сакам“.

Обожавателите и честитаа во коментарите, а многумина беа изненадени од скромноста на роденденската прослава: „Роденденот изгледа поскромно од некои инфлуенсери“, „Убава и едноставна“ и „Луѓето кои имаат пари не се докажуваат со расфрлање на роденденски забави“.

Инаку, парот се запознал кога Меси имал само пет години, а врската ја започнале во средно училиште. Нивниот прв син Тиаго се роди во 2012 година, а Матео се роди три години подоцна, додека нивниот трет син Сира се роди во 2018 година. Антонела и Меси се венчаа во 2017 година во родното Росарио, Аргентина, на приватна церемонија, далеку од очите на јавноста.

The post Антонела, сопругата на Меси го прослави својот 36 роденден, фановите беа изненадени од еден детаљ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK