септември 20, 2024

Соединетите Американски Држави нема да испратат војници во Украина, соопшти денеска Белата куќа откако францускиот претседател навести за таква можност .Претседателот Џо Бајден беше јасен кога рече дека САД нема да испратат војници да се борат во Украина, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон, пренесе Ројтерс.

Бајден денеска се сретна со истакнати конгресмени во Белата куќа за да разговараат за финансиската помош за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во понеделникот, по самитот на европските лидери во Париз, дека иако нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, „ништо не може да се исклучи “.Несогласување со идејата за испраќање војници во Украина изразија и Германија, Велика Британија, Шпанија, Чешка, Хрватска, Грција, Полска и Унгарија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг исто така најави дека Алијансата нема да испраќа војници во Украина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK