септември 20, 2024

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели оти нивните внатрепартиски анализи покажуваат дека актуелниот претседател Стево Пендаровски има најголеми шанси да влезе во вториот изборен круг иако не ја исклучува можноста да има своевидни изненадувања, но тоа, како што вели, допрва ќе се види бидејќи кампањата ќе започне за 36 дена

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, очекува нивната претседателска кандидатка Гордана Силјановска-Давкова да влезе во вториот круг од претседателските избори и таму нејзин противкандидат да биде актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, за кого оцени дека е еден од посериозните кандидати.

Од вечерашното гостување на Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ на ТВ Сител

Сепак, како што изјави Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Сител, внатрепартиските анкети на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат оти Силјановска-Давкова ќе води со над 100 илјади гласа пред Пендаровски во првиот круг.

„Ценам дека тоа ќе даде сериозна порака кон гласачите како да се мобилизираат за вториот изборен круг од претседателски избори, како и за парламентарните на 8 мај“,

рече Мицкоски во вечерашното гостување на „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Додава оти анализите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека актуелниот претседател Стево Пендаровски има најголеми шанси да влезе во вториот круг иако не ја исклучува можноста да има своевидни изненадувања, но тоа, како што вели, допрва ќе се види бидејќи кампањата ќе започне за 36 дена.  

Освен што очекува Силјановска-Давкова да победи во трката за шеф на државата, Мицкоски додаде оти ВМРО-ДПМНЕ на 8 мај ја очекува и победа на парламентарните избори.

„Февруарските теренски анкети се дека бројката којашто би ја освоила ВМРО-ДПМНЕ доколку утре има избори е помеѓу 22-23 проценти. Врз основа на овие бројки на државно ниво пондерирани во број на пратеници ценам дека во моментот би се движела ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата помеѓу 53 и 56 пратеника“,

изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во интервјуто за ТВ Сител Мицкоски, меѓу другото, повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати „диктати од ДУИ како иницијативата за избор на претседател на државата во рамки на парламентот“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK