септември 20, 2024

Жителите на Бањица порачаа дека ќе постават шатори за одбрана на нивите ако никој од Владата не ги контактира и го исполни ветеното дека ќе се дислоцираат бараките на „Бехтел и Енка“ кои треба да се постават на нивните ниви за изградба на новиот автопат Гостивар – Кичево.
Тие имале средба со владини претставници пред отприлика еден месец на која го изнеле нивниот предлог за локацијата за кампот за работниците кои ќе бидат ангажирани на изградба на автопатот. Се договориле да се видат повторно на разговор, но велат од тогаш немаат никаков абер и затоа се чувствуваат изиграно.

„Во Владата се видовме со вицепремиерот Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за патишта Рустем Ејупи. Го кажавме нашиот алтернативен предлог тие бараки-камп за екипите што работат на коридорот да се градат кај старите касарни, наместо на нашите ниви. Таму има површина од околу 330.000 метри квадратни. Рекоа дека ќе го земат тоа во предвид. Побараа да дадеме време од десетина дена за нашиот предлог, потоа се формираше техничка Влада, но поминаа месец дена, не сакаат да имаат средба. Фактички нè лажат“, рече Насир Асипи во име на граѓаните.

Граѓаните се незадоволни и од сумата за експропријација од 650 денари за метар квадратен земјиште која според нив е премала. Никој од надлежните институции не ги информирал дека е предвидено да се врши експропријација на нивните ниви, туку одеднаш почнале да добиваат покани да си подигнуваат решенија за трајно одземање на земјиштето.

Доколку не добијат средба, тие најавија блокада на работата на „Бехтел и Енка“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK