Душан Влаховиќ најверојатно ќе го продолжи договорот со Јувентус. Влаховиќ игра одлично од почетокот на годината, на седум натпревари има постигнато девет гола.
Како што пишува „Газета дело Спорт“, челниците на Јувентус буквално биле принудени од добрите игри на Влаховиќ да му понудат нов договор.
Според најавите, Влаховиќ би требало да потпише договор до 2028 година, актуениот му истекува во 2026 година.
Јувентус сака да потпише нов договор со фудбалерот, бидејќи кога ќе влезе во последната година од актуелниот договор ќе треба да заработи 12 милиони евра.
Со новиот договор Јувентус ќе ги амортизира трошоците и ќе ги одбие нападите на клубовите од Премиер лигата. Челси и Арсенал се заинтересирани за Влаховиќ.
Црно-белите се на добар пат да се пласираат во Лигата на шампионите, бидејќи моментално се на второто место на табелата во Серија А, каде тешко дека ќе се лизнат под четвртото место.
„ Според актуелниот договор платата на Влаховиќ се зголемува на секои две сезони. Стартуваше со 7.500.000 евра (плус бонуси), моментално заработува околу 10.000.000, а во 2026 година, последната година од договорот, ќе инкасира 12.000.000 евра. Клубот ја проучува најдобрата формула за комбинирање на потребите на двете страни: Јувентус да ги амортизира трошоците, а Влаховиќ да добие поголема плата. Ако ги земеме предвид сите елементи, продолжувањето до 2028 година би било најдобро решение“, пишува „Газета дело Спорт“.
The post Јувентус подготвиле нов договор за Влаховиќ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде