Сер Џим Ретклиф планира темелни промени во Манчестер јунајтед откако стана сопственик на 27 отсто од акциите на клубот и го презеде спортскиот сектор.
Газдата на ИНЕОС, Ретклиф, наводно, планира наредната сезона Јунајтед да има нов тренер, а во клубот нема да бидат 12 фудбалери од актуелниот состав.
„Фут Маркет“, тврди дека планот на Ретклиф и Сер Дејв Брејлсфорд на „Олд Трафорд“ да го донесат Зинедин Зидан. Француската легенда е без работа од завршувањето на сезоната 2020/21.
51-годишникот и претходно се поврзуваше со Јунајтед, но сето тоа беа само шпекулации. Изгледите сега да го преземе клубот се далеку поголеми, бидејќи Ретклиф има јасна визија како да го врати клубот во врвот на англискиот и европскиот фудбал.
Зидан е легенда на Реал Мадрид, како играч ја освои Лигата на шампионите, а како тренер тоа го направи во три последувателни сезони, со што стана првиот тренер во историјата со вакво остварување. Во вториот мандат на клупата на реал осови уште една титула во Лигата на шампионите.
Тој исто така освои две Светски клупски првенства, два европски Суперкупа и титула во Ла Лига.
The post Ретклиф сака Зидан да биде тренер на Манчестер јунајтед appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде