ноември 10, 2024

Олимписките игри во Париз почнуваат за нешто помалку од пет месеци, а организаторите на најголемиот спортски настан на планетата се соочија со голем проблем.

Торба со лаптоп и два УСБ, со полициски планови за Олимпијадата во Париз, е украдена од воз на железничката станица Гаре ду Норд во Париз.

Чантата му припаѓала на инженер вработен во градска управа на Париз.

На полицијата и објаснил дека торбата ја ставил во багажниот простор над седиштето на возот во понеделникот наутро.

Исчезнувањето на чантата го открил кога поради доцнењето сакал да се префрли во друг воз.

Истрагата ја води сообраќајната полиција, на која инженерот и потврдил дека во чантата го носел својот работен лаптоп и два УСБ со чувствителни податоци. Кај инжинерот биле плановите за обезбедување на Летните олимписки игри во Париз, од 26 јули до 11 август.

Париз ќе мобилизира околу 2.000 специјални агенти за обезбедување на Олимписките игри, а покрај нив секојдневно на должност че бидат вкупно 35.000 припадници на безбедносните сили.

The post Украдени безбедносните планови за Олимпијадата во Париз appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK