септември 20, 2024

Здравко Чолиќ важи за еден од најпопуларните пејачи на територијата на поранешна Југославија.

Роден е на 30 мај 1951 година во Сараево, а склоност кон уметноста покажал уште како момче, иако бил успешен и во спортот.

Сериозно почнал да се занимава со музика кога се приклучува на групата „Млади и лијепи“, а во 1969 година преминува во „Амбасадори“, која во тоа време ја сочинувале главно воени музичари. Оттогаш неговата кариера е на нагорна патека, а Чола се уште настапува низ регионот и неговите концерти се едни од најпосетуваните.

Со сопругата Александра ги има ќерките Лара и Уна, а за приватниот живот не сака многу да зборува јавно, обидувајќи се да се појавува во медиумите само поради работата.

Она што малкумина го знаат е дека Чолиќ дипломирал на Економскиот факултет во Сараево, бидејќи образованието му било многу важно. Меѓутоа, љубовта кон музиката му била посилна и ја избрал за животна професија.

The post Здравко Чолиќ е еден од најобразованите пејачи од естрадата, а бил успешен и во спортот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK