септември 20, 2024

Атлетико Мадрид нема намера повеќе да го чека Марио Ермосо, кој се уште не решил дали ќе го продолжи договорот. Договорот на еден од најстандардните играчи на Атлетико оваа сезона истекува на 30.јуни.

Додека се чека одлуката на Ермосо, тренерот Диего Симеоне им сугерирал на клупските челници да му го донесат Бразилецот Муриљо од Нитингем Форест.

Станува збор за 21-годишен стопер, кој игра со левата нога. Тој сезонава е еден од најстандардните во Премиер лигата, бидејќи пропушти само три натпревари за „шумарите“.

Неговата пазарна вредност е околу 20 милиони евра, кои Атлетико е подготвен да ги плати доколку остане без Ермосо.

Дополнителна придобивка за Атлетико е проблемот на Форест со финансискиот фер-плеј и фактот што имаат огромен број играчи под договор, близу 40.

Нотингем Форест во Премиер лигата се бори за опстанок и доколку се случи да испадне од лигата, Муриљо би бил уште поблиску до Атлетико.

The post Атлетико работи на трансферот на Муриљо appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK