ноември 10, 2024

Англиските медиуми пишуваат дека левиот бек на Ливерпул, Енди Робертсон (29) летово би можел да се пресели во Баерн Минхен. Според „Трансфермаркт“, шкотскиот репрезентативец вреди 35 милиони евра, а на „Енфилд“ пристигна пред седум години од Хал Сити.

Капитенот на Шкотска има одиграно 282 натпревари за Ливерпул, ја освои Лигата на шампионите во 2019 година и Премиер лигата една година подоцна.

Неговата преселба во Баерн би можела да биде дел од рокадите што ќе се случат во летниот преоден рок, кога се во прашање квалитетните одбрамбени фудбалери.

Имено, Реал Мадрид веќе подолго време го посакува левиот бек на Баерн и канадски репрезентативец Алфонсо Дејвис (23). Наводно, Дејвис веќе ја прифатил понудата, останува Реал да ја договори оштетат. Канаѓанецот според „Трансфермаркт“ вреди 70 милиони евра.

Во кариера играше за Ванкувер Вајткепс, за кого постигна 12 гола и 14 пати асистираше во 81 натпревар. За Канада има 41 настап и 14 голови. Тој изби на големата сцена во својата втора сезона во Баерн, кога ја освои Лигата на шампионите и беше избран во тимот на сезоната во Лигата на шампионите.

The post Баерн сериозно заинтересирани за Робертсон appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK