септември 19, 2024

Мишко го одгледав, му дадов шанса да си оди, не сака, се враќа повторно кај мене“: Ленче од Гевгелија за необичниот гостин кој ја поминал зимата во нејзиниот дом

Ленче Алексовска од Гевгелија е жената која периодов е популарна на социјалните мрежи откако сподели фотографии во друштво на необичен гостин. Всушност станува збор за штркот Мишко. Тоа е штркот на кој му помогнала и кој очигледно ја засакал, па останал кај неа.

„Мишко го одгледав, му дадов шанса да си оди, не сака, се враќа повторно кај мене“, стои во описот на фотографиите, објавени на јавната социјална група „Миленичиња“.

Видеа од Мишко кога бил многу мал, Ленче ги споделила на социјалните мрежи.

„Мишко успешно ја помина зимата, добро нахранет благодарение на едни добри луѓе кои од нивната месара редовно го снабдуваа со храна, тој претчувствува дека следниот месец ќе дојдат штрковите, ама дали ќе сака и тој да замине“, стои во опис на видеото објавено минатиот месец.

Фото: Фејсбук профил Ленче Алексовска

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK