декември 29, 2024

Највисокото законодавно тело при донесување на законите должно е да ги почитува Уставот и меѓународните договори кои ги ратификувало. Овој закон е донесен токму во согласност со уставот и маѓународните договори кои се ратификувани од Собранието, но и со почитување на меѓународните стандарди кои се однесуваат на судството, велат од советот

Финансиската независност на судството е од огромно значење за самостојноста и независноста на судството воопшто, па со интервенција во закон во кој е загарантирана платата на судијата. Со недостаток на финансиски средства за исплата на додатоци на плати за вработените во судството, незголемување на платите на вработените во судството, неодобрување на сите побарани согласности за нови вработувања, директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите и на независноста и самостојноста на извршување на судската власт.  Вака се огласи поладнево преку писмено соопштение Судскиот совет, посочувајќи дека свесен за сите состојби во државата, како што се вели, дека нужно е да го искаже своето мислење за најавените законски измени.

„Неспорно е дека постои голема разлика помеѓу платите на судиите и вработените во судството. Немаме двојба по однос на тоа  дека секој вработен мора за својата работа да биде платен онолку колку што е неопходно за  достоинствен живот,  но тоа не може да биде причина да не реагираме. Судството како независна власт која е од витално значење за функционирање на државата од аспект на решавање на најзначајните проблеми на граѓаните, секоја година решава илјадници предмети и се грижи за владеење на правото“,

велат од Судскиот совет.

Оттаму соопштија дека судиите во извршување на своите функции мора да бидат независни, компетентни и непристрасни, па токму од овие причини, според советот, платите на судиите се регулирани со посебен закон.

„Највисокото законодавно тело при донесување на законите должно е да ги почитува Уставот и меѓународните договори кои ги ратификувало. Овој закон е донесен токму во согласност со уставот и маѓународните договори кои се ратификувани од Собранието, но и со почитување на меѓународните стандарди кои се однесуваат на судството“,

велат од советот.

Пратениците на СДСМ и коалицијата во Собранието поднесоа измени на Законот за платите и други надоместоци на избрани и именувани лица, Законот за пратениците, Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, Законот за платите на судиите, Законот за платите на јавните обвинители и Законот за платите на членовите на Судски совет, сите по скратена постапка. Целта на измените, како што образложија, е да се спречи зголемувањето на функционерските плати, кои беа зголемени за 78 проценти во март лани, откако Уставниот суд ја укина фиксната основица.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска рече дека што поскоро треба да бидат донесени измените на законите за платите на функционерите, а кои се предложени од пратеничката група на СДСМ.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во вечерашното гостување во дневникот на Сител ТВ прашан за предлогот на СДСМ за измени на шест закони со кои нема да се зголемат функционерските плати, но нема ниту да се намалат веќе зголемените 78 проценти, рече дека во дел од законите стои дека платите не можат да се намалат, како што е Законот за плати на судии.

Решението на СДСМ со кое се намалуваат коефицинетите, според Ковачевски, е уставно издржано решение.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK