декември 29, 2024

„Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Пендаровски е претставник на сите наши граѓани без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност“, соопштија од СДСМ

Стево Пендаровски е профилот на кандидатот кој и е потребен на државата и тоа е профилот на идниот претседател на државата. Ова денеска од Штип го одлучил Извршниот одбор во проширен состав на Ссоцијалдемократскиот сојуз (СДСМ) на седница на која била разгледана информацијата за спроведената постапка за можни кандидати за претседател на државата за претстојните претседателски избори кои треба да се случат на 24 април и 8 мај.

Фото: СДСМ

„По сите анализи, разговори и спроведени истражувања на јавното мислење Извршиниот одбор во проширен состав го поддржа Стево Пендаровски за кандидат на државата и го предложи на Централниот одбор на партијата“,

соопштија вечерва од СДСМ.

Оттаму велат дека Пендаровски е победнички кандидат, близок до народот, кој споделува прогресивни вредности, со јасна визија за европската иднина на државата.

„Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Пендаровски е претставник на сите наши граѓани без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност“,

соопштија од партијата.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски пред да се случи седницата на Извршниот одбор во гостување на ТВ Сител најави дека раководството вечерва ќе го предложи Стево Пендаровски за кандидат за претседател на состанок на Извршниот одбор кој треба да ја донесе одлуката и како таква да ја предложи до Централниот одбор.

„Ние ќе закажеме седница на Централен одбор и Конгрес на партијата в недела на 3 март каде и официјално треба да биде промовиран во кандидат за претседател од СДСМ“,

рече тој.

На 21 февруари раководството на СДСМ донесе одлука да го поддржи Пендаровски за кандидат за претседател на државата.

Актуелниот шеф на државата сè уште не се изјаснил дека ќе се бори за втор мандат.

Изминатиот период многу јавни личности му дадоа поддршка на Пендаровски за втор претседателски мандат.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK