декември 28, 2024

Прв кој успеа да ги обезбеди потребните потписи за три дена е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи

Биљана Ванковска-Цветковска како кандидат на Левица и Стевчо Јакимовски, кандидат од Граѓанската организација за Македонија (ГРОМ) се следните двајца потенцијални кандидати за претседател на државата кои се блиску до потребните 10 илјади граѓански потписи.

Ванковска-Цветковска вечерва на својот Фејсбук профил објави дека собрала околу 9 илјади потписи и дека и недостасуваат уште илјада потписи потребни за влез во трката за претседател на државата.

„Утре ќе биде убав ден во престапна година! Ако не сакате турканици викендов, појдете утре или задутре“,

напиша таа.

Јакимовски, пак исто така на Фејсбук напиша дека има нешто над 8 илјади потписи, а за кандидатура му се потребни помалку од 2 илјади потписи.

„8048. Ви благодарам. Продолжуваме утре посилно. Храбро за Македонија“,

вели Јакимовски.

Според последните ажурирани податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до вчеравечер до 20 часот Ванковска собрала 7 876 потписи, а до истиот овој период за Јакимовски се потпишале 6 676 граѓани. На кандидатката на Левица ѝ недостигаат нешто над 2 000 потписи, а на кандидатот на ГРОМ над 3 000 за официјализирање на претседателските кандидатури.

Тројца од вкупно единаесетте кандидати кои собираат граѓански потписи за претседателските кандидатури веќе успеаја и да добијат потребните 10 илјади потписи и со тоа да си обезбедат место во трката за шеф на државата чиј прв круг ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Прв го стори тоа кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, кој успеа да ги обезбеди потребните потписи за три дена.

И кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, и на Движењето За наша Македонија (ЗНАМ), Максим Димитриевски вчеравечер објавија дека успеале да ги соберат потребните 10 илјади потписи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK