декември 29, 2024


Во средата вечерта се одиграа последните четири натпревари од осминафиналето на англискиот ФА Куп, а натаму успеаја да минат фудбалери на Челзи, Манчестер Јунајтед, Вулверхемптон и Ливерпул.

Челзи на домашен терен го победи второлигашот Лидс Јунајтед со 3:2, а решавачкиот гол беше дело на Галагер во 90. минута. Второлигашот Лидс, кој минатата сезона играше во Премиер лигата, поведе во осмата минута кога Џозеф постигна гол. Челзи направи резултатски пресврт во своја полза со головите на Џексон во 15. минута и на Мудрик во 37. минута, додека Џозеф го постигна својот вториот гол, овојпат за 2:2, во 59. минута. Се надзираа продолженија на „Стемфорд Бриџ“ кога Галагер постигна гол за голема радост на домашните навивачи.

На подеднакво драматичен начин Манчестер Јунајтед се пласираше во четвртфиналето, победувајќи го Нотингем Форест со 1:0 на гостински терен. Мрежите мируваат до 89. минута кога Бразилецот Касемиро го постигна решавачкиот гол.

Со истиот резултат Вулверхемптон го победи Брајтон на својот стадион, а таму се беше решено веќе во втората минута, бидејќи Лемина го постигна единствениот гол на натпреварот.

Ливерпул на „Енфилд“ го победи второлигашот Саутемптон со 3:0. Овој натпревар домашните поради големиот број повредени играчи го одиграа во „шарена“ постава, а стрелци беа Кумас во 44. минута и Данс двапати, во 73. и 88. минута.

На почетокот на седмицата, во четвртфиналето се пласираа Манчестер Сити, Њукасл, Лестер и Ковентри.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK