ноември 22, 2024

Фудбалерите на Милан го совладаа Лацио во Рим со 1:0 во 27. коло од италијанската Серија А.

„Росонерите“, во нервозен натпревар, тешко стигнаа до триумфот во главниот град на Италија. Тоа го направија дури откако Лацио остана со играч помалку во 57.минута, кога Лука Пелегрини го доби вториот жолт картон.

И со играч помалку „бјанкочелестите“ успешно се бране половина час, кога Ноа Окафор најдобро се снајде пред голот на Лацио во 88. минута ја затресе мрежата на Проведел.

Нервозата потоа достигна точка на вриење, па Лацио до крајот на мечот остана без Марушиќ и Гендузи, кои беа исклучени во 95. и 97.минута.

Милан го освои 56. бод и се наоѓа на третата позиција во Серија А, додека Лацио е осми со 40.

The post (Видео) Милан победи во Рим, Лацио со осум играчи го заврши натпреварот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK