ноември 22, 2024

За аргументите за и против Договорот од Преспа, секој од своја гледна точка и за детали од преговорите од своја перспектива, меѓу другото дискутираа поранешните шефови на грчката дипломатија од Нова демократија, ПАСОК и СИРИЗА, Дора Бакојани, Евангелос Венизелос и Никос Коѕијас за време на панел дискусијата посветена на надворешната политика на конференцијата на „Катимерини“ по повод 50-годишнината од обновувањето на демократијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Коѕиас објасни како течеа преговорите и упати критики дека „политичкиот персонал во Грција нема политичка храброст да го поздрави тоа што земјата конечно реши еден проблем“, Венизелос истакна дека Договорот од Преспа треба да се почитува, а Бакојани го повтори нејзиниот став дека проблематичен е делот што се однесува на јазикот и идентитетот.

Поранешниот шеф на дипломатијата од редовите на СИРИЗА кој е и потписник на Договорот од Преспа, Никос Коѕиас објасни дека во делот на јазикот и националноста станува збор за компромис бидејќи „не победивме во некоја светска војна за да не постои компромис“, истакна дека јазикот уште од 1977 година е регистриран во ОН, а се осврна и на меморандумите што не се ратификувани во Парламентот.

-Жал ми е многу што Владата на Нова демократија продолжува да го третира случајот со Преспа како внатрепартиски проблем. Односно, постојат трите протоколи, едниот протокол вели дека ние ќе го контролираме воздушниот простор на Северна Македонија. И ова не го носи во Парламентот. Зошто? Кој ќе биде против? И сега воздушниот простор преку НАТО го преземаат Италијанците, а за кратко ќе видиме што ќе прави и Турција. И се прашувам, кој е придобивката? Која е целта?, рече Коѕијас.

Дополнително посочи дека актуелната грчка Влада ги распушти комисиите што постоеја за образовните прашања и за трговските ознаки, формира нови, но не постои напредок.

-Префектот во Солун, го задржува името „кон Скопје“ или „кон ФИРОМ“ на таблите со што го прекршува грчкиот закон, изгласан од Парламентот. Не е добро за земјата да не функционира овој Договор, додаде поранешниот шеф на дипломатијата.

Со ставот на Коѕиас во однос на доцнењето на ратификацијата на меморандумите и ситуацијата со комисиите, како што самиот рече, „апсолутно се согласува“ и поранешниот министер и поранешен лидер на ПАСОК Евангелос Венизелос, кој паралелно истакна дека тогашната Влада на СИРИЗА не побарала поддршка за Договорот од Преспа, а доколку тоа било побарано од него, ќе го поддржел.

-Договорот од Преспа е придонес на Владата на СИРИЗА и Независни Грци и на Никос Коѕиас и на тогашниот премиер, бидејќи и покрај проблемите, кои според мене можеше да се намалат, сепак е Договор кој го почитуваме и се придржуваме кон него и треба да бараме не само да се спроведува туку и да биде над Уставот на соседната земја, рече Венизелос.

За овој негов став, реагираше поранешната министерка за надворешни работи на Грција и пратеничка од Нова демократија Дора Бакојани, која коментираше дека „целосно се согласува со Венизелос“.

Бакојани, сепак објасни дека за неа, од Договорот од Преспа проблематичен е делот за јазикот и идентитетот, а не самото име.

Извор: МИА

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK