Португалскиот стручњак Жозе Песеиро (63) го напушти кормилото на нигериската репрезентација откако му истече договорот со Фудбалскиот сојуз на Нигерија.
Песеиро неодамна ја предводеше Нигерија до второто место на Африканскиот куп на нации.
Тој ја презеде репрезентацијата на Нигерија во декември 2021 година.
Интересно, тој претрпе пет порази во првите седум натпревари како селектор на Нигерија, но потоа работите си дојдоа на свое, формираше исклучително силен тим околу првата ѕвезда Виктор Осимене.
Резултат на големата работа беше пласманот во финалето на КАН, каде тимот беше поразен од Брегот на Слоновата Коска со 2:1.
„Вчера ја прекинавме соработката со Фудбалскиот сојуз на Нигерија“, напиша тој, алудирајќи на својот стручен штаб.
„Беше привилегија да се биде дел од ова семејство овие 22 месеци, во кои се случи огромен ентузијазам, пожртвуваност, емоции и голема работа“, додаде Песеиро.
Под негова команда, Нигерија ги започна квалификациите за Светското првенство во 2026 година со две нерешени средби.
The post Вицепрвакот на Африка остана без селектор appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде