ноември 23, 2024

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, изјави дека не е надлежност на Европската Унија да му предложи на Косово нацрт за Заедницата на општините со српско мнозинство, додека Косово не треба, како што рече, само да стои „на готовс“ и да чека нацртот да биде готов за да го прати на Уставниот суд, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за новинарите по денешната собраниска седница, Коњуфца истакна дека Владата на Косово е порезервирана, затоа го чека потпишувањето на договорот со Србија – „следствено и гаранцијата дека Србија ќе ги почитува сите точки од договорот“.

– Единствената обврска што ја има Косово е договорот од 2013 година. Но, мислам дека ЕУ нема надлежност да му предложи Заедница на Косово. Погрешно е да се мисли дека тоа е надлежност на ЕУ – таа да ни го определи тоа, а наша единствена надлежност да биде да го испратиме на Уставниот суд, рече Коњуфца.

Тој рече дека, доколку Србија тврди дека може да го спроведе „само она што ѝ одговара неа од договорот од Охрид“, тогаш и Косово има право да го спроведе она што нему му одговара.

Според Коњуфца, големата дилема на Владата на Косово е дали Србија ќе ги спроведе сите точки. А, ако Србија го зема од маса само она што ѝ се допаѓа, тој порача дека и Косово ќе го земе од маса само она што нему му се допаѓа.

– Ако не ни се допаѓа здружението, нема да го земеме, порача спикерот на Собранието на Косово.

Тој цени дека барањата на Брисел во однос на Заедницата на српски општини не се обврзувачки за Приштина.

– ЕУ нема надлежност да му предложи Заедница на Косово. Грешка е да се мисли дека тоа е надлежност на ЕУ само со тоа што ни ја доделува, а наша надлежност е само испраќањето до Уставен суд… Мислам дека не е надлежност на ЕУ да му предложи нацрт на Косово. Не мислам дека Косово треба да биде „на готовс“ и само да го прифати нацртот што го предлага ЕУ. Не се согласувам со оваа процедура, не пишува никаде, не е задолжителна за Косово. Обврзувачки е само договорот од 2013. Ние сме во сосема нова фаза. Чекаме да се потпише договореното од Охрид, рече Коњуфца.

Западните дипломати минатиот октомври им претставија на Косово и Србија нацрт-статут за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово, кој, според медиумските извештаи, во принцип и двете страни го прифатиле.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK