ноември 23, 2024

НАРОДЕ, фала ви на сите што успеавме да собереме 10.000 потписи!

Покажавме дека зрееме и растеме и имаме дисциплинирана структрура која почнува да боде очи на нашите политички непријатели, кои до вчера не’ потценуваа.

Огромно ФАЛА до нашите активисти од локалните ограноци и волонтери на штандовите низ цела Македонија. Без вашето оставање срце на терен, ништо од ова немаше да биде можно.

Благодарност и до Професорката која си го жртвуваше раатот и влезе искрено во Борбата за нашата заедничка кауза.

p.s. Собирањето потписи се’ уште трае (до 8 март 2024). Сите кои сакате да оставите политичка трага на едно големо народно будење, можете релаксирано да се потпишете до крајниот рок. Канцелариите на ДИК работат и за викенди, до 20:00 часот.

Да здивнеме, и одиме во вистинската битка која ни претстои!

#ПотпишиСеЗаВанковска
#БорбатаПочнуваСега

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK